Македонските пожарникари се едуцираа з а гасење пожар во висококатници
10-05-2014 РЕГИОН

Пожарникарите од Македонија, студентите од Факултетот за безбедносно инженерство и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување денеска слушаа практики од гаснењето на пожар во висококатници.

 

На Меѓународниот Славјански Универзитет ,,Г.Р. Державин“ во Свети Николе се одржа тркалезна маса на тема „Организација, тактика на гаснење пожар на високи објекти и однесувањето на пожарникарите.

 

Како што рекоа организаторите, целта е да  се овозможи едукација на стручни лица за организација, тактика, однесување и безбедност од пожари. Беа презентирани  научни, технички и практични случувања од командирот на четвртата противпожарна единица во областа Срурфлок во Велика Британија, Рој Бараклој и проф. д-р Драган Карабасил од Високата техничка школа за стручни студии од Нови Сад.

 

„Она што е најважно, станарите во чија зграда избил пожар е да останат присебни. Ако можат да се вклучат во гасење, а доколку не, треба веднаш да се оддалечат од опожарениот објект. Пожарникарите во Македонија и регионот се обучени, но за да влезат во објект каде има пожар и температура од 1100 степени потребна им е соодветна опрема. Една сакала со должина од 44 метри чини 750 илјади евра“ рече проф д-р Карабасил. Toj нагласи дека исто така голем проблем за брзо гасење и на помал поажар е тоа што речиси сите хидранти во зградите се оштетени, а противпожарните црева од нив украдени.

 

Деканот на Меѓународниот Славјански Универзитет, проф. Д-р Александар Гроздановски нагласи дека интересот за студирање на Факлутетот за безбедносно инженерство постојано се зголемувал, бидејќи за прв пат во Македонија започна со работа ваков факултет./А.Д



Share

Додади коментар