Најдобрите ученици од шумарската струка во СОЗШУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци кои ќе се истакнуваат во целокупниот наставен процес, а кои имаат посебен афинитет кон шумарството и екологијата ќе добиваат стипендија од ЈП Македонски шуми. Ќе изведуваат практична настава во претпријатието, а воедно имаат можност за вработување по завршување на образованието.
Ова е дел од содржината на меморандумот за соработка што денеска го потпишаа генералниот директор на „Македонски шми“ Зоран Ѓорѓиев и директорот на училиштето, Горан Велковски.
Директорот на Македонски шуми најави заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер.
Директорот на училиштето е задоволен со потпишувањето на овој меморандум за соработка, бидејќи е од големо значење за професионална надградба на учениците од шумарската струка.
Деновиве, учениците и професорите се ангажирани на уредување на училишниот двор. Хортикултурно е среден влезот на училиштето, а во сопствената работилница направени се клупи кои исто така се поставени во дворот на училиштето. Овој расадник на стручни кадри од оласта на шумарството и земјоделството најавува интензивни соработки со компании од овие дејности, со цел подобра едукација на учениците.
Aнгел Данов
Додади коментар