На 24 ти овој месец во Ѓултепе Измир Р.Турција се одржа манифестацијата Македонски денови на културата.По покана од претседателката на здружението на македонци во Измир Хулија Јетишкин на манифестацијата присуствуваше и македонска делегација во состав Ристо Јошев советник во општина Росоман и Жанета Чаушевкса градоначалник на општина Градско.Македонските денови на културата во училишниот двор во Ѓултепе ги собраа во голем број иселените македонци.Имаа желба да разговараат со македонската делегација, повторно да го слушнат својот мајчин јазик и да дознаат како денеска се живее во Македонија.Велат таа е во нашите срца и имаме желба да дојдеме и да ги посетиме нашите краеви, да се вратиме барем на кратко таму каде што се напите корени.
Фестивалот за отворен го прогласи претседателката на здружението Хулија Јетишкин , а на сцената говореше и градоначалничката на Измир Сема Пегдаш.Се радувам што ве гледам во голем број и сакам да не заборавите дека само сплотеноста може да ве води напред до големи успеси порача Пегдаш.За македонската песна и оро во Измир беа задолжени играорната група Румели и познатата балканска група Сако Бенд, но како специјални гости на вечерта настапија и дел од музичарите од тајфата на Димо Дулот, Фазли, Ранко, Аце и Џамбас.Јовано Јованке, Битола мој роден крај и низа други само ја натераа публиката да се фати и да заигра и да ја сподели радоста меѓу себе.Дека големо внимание привлече оваа манифестација во Турција потврди и медиумската покриеност од страна на тамошните медиуми за кој изјава дадоа и нашите претставници, односно македонската делегација.
На крајот од манифестацијата на присутните им се обрати и претседателот на здружението на македонци во Турција Аднан Јетишкин кој на сите учесници им додели благодарници и плакети.Јетишкин е среќен што манифестацијата привлече огромна заинтересираност и вети нејзина долга традиција.
М.Младенова

Додади коментар