Македонската кошаркарска репрезентација утре игра со Велика Британија
13-09-2016 СПОРТ

Македонија со многу мака го совлада Луксембург во рамките од четвртото коло од квалификациите за Евробаскет 2017, а во прилог ни оди и резултатот од Лондон, каде Велика Британија загуби пред своите гледачи од Унгарија со резултат 80-88.

 

Иако со ова значително се зголемуваат шансите на Македонија за освојување на второто место во групата, сепак реалноста е дека на „црвено-жолтите“ им е неопходно чудо, то ест две победи во последните две средби со што поголема разлика, за да се влезе во битка за билет за претстојниот европски шампионат.

 

Имено, пропизициите велат дека само четири од седумте второпласирани репрезентации ќе се најдат на Евробаскет 2017, а уште поголем проблем за Македонија е фактот дека при рангирањето ќе се бришат резултатите против четвртопласираните селекции. Унгарија дефинитивно е првопласирана, а ова всушност значи дека на Македонија и доколку дојде до второто место ќе и се избришат победите над Луксембург.

 

Дури и со победа над Велика Британија, нашиот национален тим би имал само еден триумф при рангирањето, што дефинитивно би било премалку во ситуација кога од седум второпласирани репрезентации, пласман на ЕП обезбедуваат најдобрите четири. На две кола до крајот е рано за правење на конкретни анализи за сите потенцијални второрангирани селекции, но едно е јасно – Македонија ќе треба да труимфира најпрвин дома со Велика Британија, а потоа и да брка изненадување во Унгарија, доколку сака сериозно да се вмеша во битката за нов настап на европските шампионати.

 

Да потсетиме дека првиот триумф нашите ке го бркаат веке утре од 19 часот во СС Јасмин во Кавадарци против Британците. На нашите дечки ке им треба голема помош од трибините но и многу посериозен пристап во играта од досега доколку се сака со победа да се обидеме во последното коло пред гостувањето во Унгарија да влеземе во многу подобро расположение и атмосфера.

 

Mики  Виденовиќ



Share

Додади коментар