Македонија во жолта фаза. Црвен крст делеше флаери и вода
19-06-2013 РЕГИОН

Македонија од денеска со температури кои ја дефинираат жолтата, односно алертна фаза.Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи и утре ќе биде сончево и многу топло со температура до 38 степени и УВ индекс 9.

Први на терен превентивно и со препораки за справување со високите температури излегоа волонтерите од клубот на млади на Црвениот Крст. Низ центарот на Кавадарци каде денес и фрекфенцијата беше најголема заради пазарниот ден клубот на млади на случајните минувачи им делеше едукативни флаери и минерална вода Кожувчанка.

Црвен Крст на Кавадарци е првата невладина организација која во рамки на својата хумана мисија излезе на терен со превенција. Случајните минувачи денес коментираа дека ваквиот потег треба да го следат и останатите институции, особено медицинските центри за кој постарите велат треба да излезат со здравствени пунктови низ градот барем во најжешките денови.

Исто како и во едукативните флаери на Црвен Крст и препораките од  УХМР до граѓаните се да ги почитуваат општите препораки за населението во однос на заштита од директна сончева изложеност. Да се избегнува подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да се носи лесна и светла облека, да се консумира лесна храна и течности, да се внимава на хигиената на рацете и начинот на подготовка на храната, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата.

Милица Младенова

 



Share

Додади коментар