Десет лцд телевизори доби интерно одделение при Општа Болница Кавадарци. При денешната посета на одделението уште многу новини за општа болница вети градоначалникот Александар Панов.
И досега сме имале огромна помош од градоначалникот и советот несомнено истата продолжува и понатаму потврдува директорот на Општа болница доктор Орце Ангеловски специјалист по патологија.
Во посета на интерно одделение денеска заедно со градоначалникот Александар Панов беа и претседателката на кавадаречкиот совет Горица Пеливанова Вилхелм и пратеникот во републичкото собрание доктор Весна Пемова. И во претходниот мандат и во овој ќе настојувам како републички пратеник Општа Болница Кавадарци да се осовременува и да ги користи сите бенифиции на Владата, рече доктор Пемова.
Интерното е дефинитивно нај искористеното одделение во општа болница категоричен е доктор Еленчо Ридов специјалист по интерна медицина. Одделението преку целата година е речиси полно, овие лцд телевизори и тоа како ќе им го олеснат престојот при лекување, додава Ридов.
При денешната посета градоначалникот Панов, претседателката Пеливанова Вилхелм и пратеничката Пемова поразговараа и со пациентите.Се интересираа каков третман добиваат и дали имаат забелешки за работата на ова одделение.
M.Младенова
Додади коментар