Граѓаните ја оценуваат работата на општината. Локалната самоуправа преку интернет собира податоци за ажурноста на општинските служби. На својата веб страница објави анкета со прашања за граѓаните. Работата се оценува со бројки од еден до пет. Колку сте задоволни од брзината и транспарентноста на постапката за легализација, квалитетот на комуналните услуги, колку сте задоволни од јавното осветлување - ова се дел од прашањата на кои одговори бараат општинските власти..
Дваесетина прашања содржи интернет анкетата на локалната самоуправа.. општинските власти велат дека ова е можност да се провери и колку граѓаните ги користат интернет услугите.. екипата на канал21 денеска ги праша и повозрасните велешани кои можеби не користат компјутер.. тие имаат поделени мислења за работата на општинските служби..
Анкетата за квалитетот на услугите кои ги нуди општината ќе биде достапна до средината на месецов. Од нејзните резултати во иднината ќе се унапредуваат и службите кои добиле најниски оценки. Инаку до сега вакви анкети се спроведуваа во граѓанскиот сервис центар. Луѓето кои доаѓаат имаат можност да го пополнат прашалникот со кој ја оценуваат работата на службите..
Седма година по ред општина Велес спроведува анкета за квалитето на услугите кои ги нуди.. претходните податоци покажале дека службите имаат оцена од три до четири.. инаку вакви резултати добиваат и општините до државите земји членки на европската унија..
Зоран Јаневски
Додади коментар