Со цел јавноста да биде запозната со трошењето на буџетските средтва, КТВ од општина Кавадарци и од градоначалникот Александар Панов побара одговор во врска со обвинувањата изнесени на последната седница на кавадаречкиот совет од советникот на СДСМ, Сашко Петров. Тој од говорницата обвини дека еден милион денари годишно општината троши од буџетот за весници кои се блиски до власта. Од општината со одговор дека се купуваат сите дневни весници.
„Во Буџетот на општина Кавадарци под контото 423120 се водат трошоците за Списанија, весници и други изданија за користење од страна на вработените. Во ова конто влегуваат пари од општинскиот Буџет како и трансферирани пари за корисниците на истиот кои се под надлежност на општината, а тоа се институциите од образованието и културата. Вкупно за 2013 година во Буџетот на општината за наведената намена се предвидени 1.333.000 денари. Од оваа сума во првото полугодие од годината се потрошени 565.653 денари. Што се однесува до Буџетските пари тие се трошат на следните позиции: За весници годишно се планирани само 250.000 денари, а од таа сума на пари заклучно со 30 јуни се потрошени 131,965 денари. Општината има потреба од задолжителна набавка на изданијата на Службен весник на Република Македонија. За таа цел за 2 примерока од секој број на Службен веник годишно се наменети 20.200 денари, додека за 3 примерока на Службениот Билтенот се предвидени 29.925 денри. Општината на дневна основа набавува примерок од дневните весници: Вест, Дневник, Утрински Весник, Вечер, Нова Македонија, Македонски Спорт. За ова општината дневно троши 225 денари, Тоа помножено со 20 дена во месецот за 12 месеци во годината годишно ќе се потрошат 54.000 денари. За огласи и објави во неделникот Република 20 броја 1000 денари неделно, 52 недели годишно по 1.000 ден. Вкупно 52.000 ден.„ се вели во информацијата што по наше барање ја доставија од општината.
Понатаму во истата информација од локалната самоуправа се наведува:
„Вториот дел од парите за оваа намена се водат под контото Самофинансирачки активности. Овде најмногу пари се планирани во делот на основното образоване каде за вкупно седум училишта се планирани 798.000 денари. Досега се реализирани 302.874 денари, а парите се наменети за набавка на училишни списанија (Росица, Другарче, Наш свет и други). За истата намена Буџетот за Детската градинка предвидува 50.000 денари од кои се реализирани 32.031 денар. Библиотеката има планирано 7.000, а досега потрошила 5.140 ден. Домот на културата планирани 20.000м денари, а се потрошени 9.000 ден. Музеј –галеријата за оваа намена нема предвидени средства. Буџетски пари од наменски додатцииво основното образование за 7 улчилишта годинава се планирани 205.000 денари, а се реализирани 53.557 денари, за трите средни училишта вкупно се предвидени 50.000 ден, а се потрошени 26.000 денари. Домот на културата нема предвидено пари за оваа ставка,музејот предвидел 13.000 нема потрошено ниту денар“ информираат од општината.
Ангел Данов
Додади коментар