Локализиран пожарот на Витачево
05-08-2016 РЕГИОН

Сува трева и нискостеблеста шума гореа вчера попладне се до ноќните часови на потегот од Моклиште кон висорамнината Витачево. Веднаш откако е пријавен пожарот екипи на „Македонски шуми“ и територијалната противпожарна единица Кавадарци излегле на терен и започнале да го локализираат пожарот.

 

Според информациите од м-р Петко Ристовски, шеф по заштита на шумите во кавадаречката подружница на „Македонски шуми“ на терен се интервенирало се до 22.30 часот.

 

„Синоќа дејствувавме осумина вработени во Македонски шуми и четворица пожарникари од кавадаречката противпожарна единица. До 22.30 часот успеавме огнот да го изгасиме и пожарот да го локализираме. Зафатена е сува треба и нискостеблеста шума. Од утринава опожарениот дел е под будна контрола на 20 луѓе, за да не се активира нов оган. На терен сме 16 работници од Македонски шуми и 4 пожарникари“ информираше Ристовски.

 

Рече дека сеуште е рано да се каже точна проценка колкава површина била зафатена со пожарот.

Апелот од сите наделжни институции до граѓаните е да бидат внимателни кога се движат во природа. Да не фрлаат отпушоци од цигари, да не палат оган на отворено, бидејќи поради подолгиот сушен период има сува трева која лесно може да се запали и да предизвика пожар од големи размери.

Aнгел Данов



Share

Додади коментар