Како секоја, така и оваа година лозарите ја започнуваат новата производна реколта со симболично закројување на виновата лоза на празникот Свети Трифун, но и со неисплатени пари за грозјето од претходната реколта. Утре во Тиквешијата ќе се празнува заштитникот Свети Трифун.
Годинава лозарите имаат многу дилеми околу кроењето, бидејќи ниските температури направија големо оштетување на родните окца на ластарите, поради тоа е потребно внимателно и стручно кроење. Според стручните лица, оние кои побрзаа и кроењето го завршија пред поларниот бран веќе ја имаат искорено и судбината за родот годинава.
Утре симболично ќе се закројува црковната лоза во храмот Свети Димитрија, каде ќе се отслужи и света архиерејска литургија. Симболично ќе се закројува и на градскиот плоштад, каде ќе биде изведена и културно уметничка програма.
А.Д
Додади коментар