Лозарите даваат поддршка на одземањето на лиценците за работа на 4 винарии кои се нередовни плаќачи на откупеното грозје. Ова денес го соопшти лидерот на лозарите Љупчо Аризанов.
„Ние лозарите даваме максимална поддршка на активностите на надлежните државни органи кога се во прашање санкциите против винарите заради непочитување на законските решенија во областа на лозаровинарството. Винската мафија треба еднаш засекогаш да свати дека и дојде крајот и дека кој нема да плати за откупеното грозје нема да може и понатаму да се појавува во улога на откупувач. Истовремено ја поддржуваме одлуката за поднесување кривична пријава за раководно лице на винарница кое дало лажен исказ пред нотар оти го платило грозјето во законски определениот рок -рече Аризанов.
Тој нагласи дека претставниците на лозарите веќе се организираат за да ги отпочнат првите средби со претставници на винарите но и надлежните државни органи со цел навреме да се разговара околу претстојната гроздоберска сезона. За таа да помине во најдобар ред на општо задоволство на сите.
Светлана Дарудова

Додади коментар