Лозарите вечерва на протест на плоштадот во Кавадарци - најавена посета на премиерот Заев
24-08-2018 РЕГИОН

 

Незадоволството од одлуката на винарските визби да не ја покачат откупната цена за најзастапените вински сорти на грозје, смедеревката и вранецот, лозарите вечерва ќе го изразат на протест на градскиот плоштад.

 

На синоќашната средба на производителите на грозје била дадена подршка за протест и истиот ќе се реализира вечерва.

 

Претседателот на здружението „Напредни лозари“, Трајче Кулев нагласува дека лозарите се едногласни дека годинава смедеревката и вранецот треба да се откупуваат по повисока цена, бидејќи поради лошто време производителите имаа зголоемени трошоци за заштита на родот. Тој ги повика сите лозари со своите семејства да излезат на протестот и да го кажат револтот од игнорантскиот однос на визбите.

 

Најавено е дека на протестот на лозарите ќе присуствува и премиерот Зоран Заев и градоначачникот Митко Јанчев.

 

Она што неофицијално го дознаваме е дека во текот на денот се вршеа интензивни преговори со визбите да ја променат одлуката и сепак да ја покачат откупната цена.

А.Д

 



Share

Додади коментар