Ловечкото друштво „Тиквеш“ го збогати ловиштето број девет со фазани
22-08-2014 РЕГИОН

Согласно развојната програма на ловечкото друштво Тиквеш Кавадарци целосно се исполнети сите обврски и задолженија околу збогатување на ловиштата со дивеч.

 

Здружението со најдолга традиција во градот  со фазани го збогати ловиштето број 9 .Секретарот на друштвото Тоде Пановски во изјава за ктв зборува за бројката на новите фазани, нивното потекло,обврските на ловџиите, ловостојот и почитувањето на законот за ловство.

 

Сведок на населување со нови фазани на ловиште број 9 беше и потпретседателот на ловната федерација на Македонија Влатко Алексовски од чиј репродуктивен центар всушност и беа набавени фазаните за ловечкото друштво Тиквеш Кавадарци.

М.Младенова



Share

Додади коментар