ЛИ/2017 Во Кавадарци Китев и Јанчев ќе си ги одмерат силите во втор круг, СДСМ со мнозинство во советот
16-10-2017 РЕГИОН

 

Кавадарци, Росоман, Градско и Демир Капија не избраа градоначалник во првиот круг. Ова го покажуваат првичните резултати од ОИК. Нов градоначалник добија Велес и Неготино.

Првичната оценка е дека вчера имавме фер и демократски избори.

 

Во Кавадарци од вкупниот број запишани избирачи 32.706 гласаа 74,84% или 24.451 граѓани. Од сто отсто обработени гласачки места кандидатот на ТМРО, Верица Арсова освои 165 гласа, Митко Јанчев 12.077, Бетиане Китев 11482 и Борис Давидов 271 глас. Неважечки се 455 ливчиња. Овие резултати покажуваат дека во вториот круг на локалните избори кој ќе се одржи на 29 октомври силите ќе ги одмерат Јанчев и Китев. Меѓу нив разликата е 595 гласа во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Првичните неофицијални резултати покажуваат дека мнозинство во советот обезбеди СДСМ. Тие освоија 10.538 гласа, ВМРО-ДПМНЕ 9146, ГРОМ 1707, група избирачи Ристо Сакалиев 1481 и листата на ТМРО осви 705 гласа. Според овие резултати СДСМ би имал 9 советнички места, ВМРО-ДПМНЕ 8,а по еден советник ГРОМ и Ристо Сакалиев. За советничките листи избројани се 875 неважечки ливчиња.



Share

Додади коментар