„Самолепливите покани на дел од автомобилите кај граѓаните за вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ се анти кампања на СДС“ обвинија од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.
(интегрален текст) Почитувани сограѓани, Оваа кампања ја започнавме чесно без црни сценарија,говор на омраза и согласно сите прописи. И покрај сите навреди и измислици упатени кон нашиот кандидат Митко Јанчев, ние сепак продолжуваме да работиме позитивно и да испраќаме позитивни пораки.
Сакаме да Ве известиме дека членови на СДС најверојатно ноќеска со лепак кој тешко се вади на вашите автомобили лепеле покани кои се однесуваат на веќерашниот митинг. Очигледно останавте без идеја и мотив за кампањата која ја водите па единствена цел ви е да не попречувате во нашата работа и мотивираност, во тоа нема да успеете. Уште еднаш Ве исвестуваме доколку на идете на покани излепени по вашите автомобили истите се лепени од членови на СДС.
Иако сите кандидати за градоначалници потпишаа Кодекс за фер и демократски избори, очигледно истиот од страна на СДС не се почитува.Оваа анти-кампања е во целост спротивна од Кодексот за фер и демократски избори кој Бетијан лично го потпиша. Ви благодариме.
Додади коментар