ЛИ/2017 ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја побара подршката од кавадарчани и неготинци
29-09-2017 РЕГИОН

 

27.09.2017 (KTВ)  23.35

ВМРО-ДПМНЕ денеска митингуваше во Тиквешијата. По митингот во Неготино, централен митинг се одржа и во Кавадарци 

Пред кавадарчани вечерва ВМРО-ДПМНЕ ја претстави својата визија за новата ера и проектите кои ќе се реализираат доколку нивниот кандидат за градоначалник Митко Јанчев ја добие довербата од граѓаните.

 

Јанчев пред своите сограѓани вети затворен пазар со паркинг простор, нова економска зона, реконструкција на колекторскиот систем, две носи училишно спортски сали.

 

„Кавадарци влегува во нова ера, да и посакаме добредојде на новата ера. Ја донесов можеби најтешката одлука во мојот живот, на крај победи предизвикот. Целата енергија ќе ја насочам на нови проекти, одговорно и домаќински ќе ја извршувам функцијата градоначалник. Одлуката за кандидатура беше лично моја со подршка од моите најблиски. Никој некој ме притискал, ниту на некој нешто му должам“ рече Јанчев.

 

 

 

 

Нагласи дека одлучил да води позитивна кампања, но неговиот противник немал добра мисла и позитивна енергија. „Мојот противкандидат дигна рака за двојазичност. Моите противници се служат со монтирани снимки, но тоа нема да им успее да ме предомисли“ порача кандидатот за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и им нагласи на присутните на митингот дека им е потребен човек на кој ќе можат да му се обратат, човек лидер.

 

„Доста беше на граѓаните да им кажуваат дојдете утре, дојдете покасно. Сега со проектот “мој општинар“ општинарите ќе доаѓаат кај вас. Нема да чекате некој ѓубрето да го собере. Сите проблеми ќе ги решаваме заедно“ рече Јанчев.

 

Тој им потенцира на своите сограѓани дека ја разбирал маката на лозарите бидејќи и самиот има лозови насади и порача дека откупеното грозје мора да се плати. Ако имало вишок на грозје истиот ќе се откупел и ќе се преработувал во дестилерија. Јанчев говорејќи за проектите од својата програма ја нагласи изградбата на нов затворен пазар со катна гаража, напредок на спортот, реконструкција на стадионот и на комплексот „Ла луна“, изградба на велосипедски патеки.

 

„Кога ја пишував програмата мислев и на иднината на моите три деца. Ќе решиме многу броблеми. За бизнис секторот нова економска зона. Малите и средни претпријатија да можат да си купат земјиште за 1 евро по метар квадратен. Ќе го реконструираме колекторскиот систем. Марена и Сопот ќе добијат колектор. Ќе го решиме проблемот со животните скитници со шинтерска служба. Не се плашам да работам. Сакам да бидам директен учесник во создавањето на подобро Кавадарци“ им рече Јанчев на кавадарчани и го побара нивниот глас на 15 октомри.

 

На митингот свое обраќање имаше и носителот на советниката листа Горица Пеливанова Вилхелм. Таа ја претстави советничката листа и рече дека на неа се наоѓаат луѓе професионалци со интегритет.

 

Груевски: Се што ни се случува овие 4 месеци е помрачување

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја обвини актуелната власт дека работела на уназадување на земјата. Се што ветиле од СДСМ не реализирале. Новата власт работела незаконски и насилнички.

 

„Прифатија редефинирање на историјата, прифатија двојазичност. Кој не знае да ги реши проблемите на граѓаните прифаќа се што е на штета. Борисов си направи одличен договор за неговата земја. По изборите ќе прифатат се што бара и Грција. Се обидуваат да впротнат неуставни закони. Донесоа декрет на влада да нема референдум во ист ден со изборите. Ме обвинуваа дека мигрантите биле во мојата глава, а не му даваат можност на граѓаните да кажат што мислат по тоа прашање“ рече Груевски.

 

Тој ја обвини власта дека за два месеца била намалена просечната плата за 2% наместо да се покачува на 500 евра. Иако им се ветувале на пензионерите повисоки пензии, пензионерите не добиле покачување. Намалени биле иднустриското производство и девизните резерви.

 

„Власта ќе ги зголеми даноците и придонесите за пензиско и здравствено осигурување. Спроведуваат нова политика, политика на политички хајки, притисоци врз медиумите, судиите. На 15 октомри ќе имаме референдум за тргање на ова помрачување“ рече Груевски.

 

Лидерот на партијата упати јавна благодарност до актуелниот градоначалник Александар Панов за сите реализирани проекти. Го спомена решениот проблем со водоснабдувањето, придонесот за привлекување на „Дрекслмаер“. Груевски нагласи дека во Кавадарци невработеноста се зголемила за 9 000 нови работни места благодарение на нивните политики во изминатите години.

 

„Кавадарчани нема да пропуштат да го изберат Митко Јанчев за градски татко. Кавадарчани ќе гласаат за ново утро со нови 150 илјади работни места, повисоки пензии, плати и субвенции„ порача Груевски на крај од својот близу едно часовен говор.

 

Ангел Данов



Share

Додади коментар