Во општина Неготино од вкупниот број запишани избирачи 16.084 гласале 78,08% или 12.549 гласачи. Според податоците на ОИК од обработени податоци од сите избирачки места во водство е кандидатот на СДСМ, Тони Делков. На негово конто се 6455 гласа. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков има освоено 5630, а независниот кандидат Ѓорѓи Ајтов 135 гласа. Неважечки за градоначалник се 329 ливчиња.
Мнозинство во советот според првичните резултати има СДСМ. Нивната советничка листа на вчерашните избори освоила 6349 гласа, на ВМРО-ДПМНЕ 5287, независната листа на Сашо Николов освоил 471 глас, додека неважечки за совет се 442 гласа.
Победата на Делков денеска на прес конференција му ја честита неговиот против кандидат од ВМРО-ДПМНЕ Златко Пенков.
Синоќа членовите и симпатизерите на СДСМ ја славеа победата на градскиот плоштад во Неготино.
Додади коментар