Во Кавадарци вчера се одржа отворен форум со граѓаните. претседателот на СДСМ Зоран Заев побара подршка од кавадарчани во вториот круг за кандидатот за градоначалник Бетиане Китев.
„Тоа е слободата за којашто се боревме! Сите заедно на исто ниво отвараме дебата, форум којшто ќе биде пракса на работење на општина Кавадарци и на сите општини во Република Македонија." порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на отворениот форум со граѓаните на Кавадарци што се одржа вчера.
Претседателот Заев рече дека на Кавадарци му е потребен чесен пристап за да може да го реализира својот огромен потенцијал, преку грозјето, виното, лозовите насади, преку квалитетна изградена инфраструктура, да прерасне во туристичка дестинација, да се купува шише вино плус, да расте потрошувачката, модернистички да се натпреварува со другите општини и на тој начин сериозно да учествува во севкупниот економски раст.
„Нашата филозофија е да направиме се да најдеме пари и да ги пуштиме кон граѓаните" рече претседателот Заев.
Претседателот Заев најави дека од следната година ќе започне реализацијата на мерката поврат на 15 % од ДДВ за граѓаните. Како што објасни тој, граѓаните плаќаат ДДВ на се што трошат и купуваат и државата има намера дел од тие пари да им ги врати на граѓаните.
„Го менуваме законот за извршна дејност за да може извршителите да ги поставиме онака како што е секаде во демократскиот свет. Не може за 2.000 денари, да дојдат 22.000 денари до извршител" соопшти претседателот Заев.
Кандидатот за градоначалник на Кавадарци, Бетиан Китев ги повика граѓаните масовно да гласаат за бројот 19, за да се заокружи победата и во Кавадарци и да се отпочне со сериозна работа во интерес на граѓаните на Кавадарци.
Заев вчера беше и во Росоман. Ќе отвориме современ откупен центар, да ги заокружиме промените за живот и во Росоман им порача заев на росоманци и побара подршка за кандидатот на сдсм за градоначалник Бранко Јанев.
-Нека ви е честита победата од првиот круг, да ја дозавршиме работата на 29 октомври за живот и во Росоман, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва на средбата со граѓани во оваа општина.
-Слободно гласање ги донесе промените во Македонија, ги носи и во Росоман, додаде претседателот Заев.
-На крајот од кампањата влегуваме како фаворити. Да ги охрабриме луѓето од јавната и државната администрација. Сите имаме обврска да донесеме живот во Росоман. Гласајте слободно, на никого ништо не му должите, рече претседателот Заев.
Тој додаде дека пари има во државата но на досегашната централна и локална власт поважни им биле пари за лични интереси.
-На Македонија и се потребни чесни политичари. Не се политичарите за да бидат ѕвезди, туку само да им служат на граѓаните, рече претседателот Заев.
-Мораме овде да отвориме современ откупен центар. Зошто овде, затоа што ова е центарот на Тиквешијата, најави претседателот Заев.
Тој соопшти дека субвенците ќе бидат редовни и повисоки, решавање на проблемот со отпадот, современи училишта и инфраструктура.
-Времето на делби заврши, ние сме различни, подаваме рака, заедно ќе ја градиме општина Росоман. Заедно носиме живот и во Росоман, да сработиме во интерес на сите граѓани, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во општината Росоман.
И Градско ќе види ќивот по 29 октомври. ќе отвориме индустриска зона – најави претседателот на СДСМ Зоран Заев на вчерашната средба со жителите на Градско.
-Се одважи Градско во првиот круг, да ја заокружиме победата на 29 октомври и да види живот и Градско во Македонија, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со граѓани во општина Градско.
-Ќе ја промовираме индустриската зона овде во Градско. Конечна цел е да отвориме работни места. Градско е вистинска крстосница во Македонија, трансферзала Север Југ, нема подобра локација за индустриска зона од овде. Не само за да ни останат младите. Можеме да ја направиме општината привлечна и за домашни и странски инвеститори, рече претседателот Заев.
-Ви ветувам чесни политики и на централно и на локално ниво, апелирам на мудри одлуки, рече меѓу другото, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со граѓани во општина Градско.
Претходно, кандидатот за градоначалник на Градско, Роберт Бешовски, го претстави проектот за индустриска зона на локацијата кај регионалниот пат Градско Неготино, на којашто сега има само шут и ѓубре.
-Да направиме индистриска зона за мали и средни претпријатија, а ќе биде и откупен центар. Станува збор за површина од 56 декари. Руинираниот објект, се планира да биде реновиран во хотел, објасни Бешовски.
Претседателот Заев ја поддржа целосно идејата.
-Комплетна инфраструктура да развиеме и да се реализира проектот на оваа одлична регионална локација, додаде претседателот на СДСМ, Зоран Заев во Градско.
СДСМ синоќа одржа предизборен митинг и во Демир Капија. Беше побарана подршка од демиркапијци за нивниот кандидат Лазар Петров.

Додади коментар