ЛИ/2017 (ВИДЕО) Предизборен митинг на независниот кандидат за градоначалник Борис Давидов
07-10-2017 РЕГИОН
До локален економски развој преку малото стопанство кое е потенцијал, рече синоќа на митинг Борис Давидов, независен кандидат за градоначалник на Кавадарци.
- Општината не ја прават улиците и зградите туку ние луѓето самите. Од нас зависат многу работи и затоа најважно е да се средат меѓучовечките односи. Да се почне со екологија на свеста. "Не" за омразата, порача Давидов на градскиот плоштад.
Градот ни е разрушен, додаде, „бидејќи ние сме разрушени одвнатре".
Додади коментар