ЛИ/2017 (ВИДЕО) Китев: Ќе го замениме асвалтот на сите главни и споредни улици
26-09-2017 РЕГИОН

 

26.09.2017 (КТВ) 13:49

Кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Бетиане Китев,  денеска на прес конференција презентирајќи дел од програмските предвидувања нагласи дека ќе се реконструираат сите главни и периферни улици во Кавадарци со цел подобри услови за сите кавадарчани.

(интрегрален текст)

Кавадарци заслужува многу подобра патна инфраструктура. Изминативе 8 години, многу малку се инвестираше во подобрување на состојбата на патиштата во Кавадарци. Моментално состојбата со улиците и булеварите во Кавадарци е катастрофална. Некои улици се целосно раскопани и непроодни.

 

Граѓаните возејќи по такви улици, значително ги оштетуваат своите возила, но исто така и безбедноста на сообраќајот е намалена. Најочигледен пример е Северниот булевар каде сме денес, кој е главна сообраќајна артерија и обиколница на Кавадарци. Тој е целосно уништен, и е често пати непрооден, особено во зима или кога врне дожд.

 

 

 

 

Нашиот план е да градиме одговорно, квалитетно и домаќински. Во нашата Програма „План За Живот во Кавадарци“, покрај реконструкцијата на влезовите, планираме и замена на асфалтот на главните улици во градот, но и периферијата, кој поради забот на времето е значително оштетен. Сметаме дека со овој зафат значително би се подобрила патната инфраструктура во Кавадарци и би се олеснило движењето на возилата.

 

Кавадарци како индустриски град заслужува и мора да има подобро средени улици и патишта. Планираме и изградба на три нови кружни текови. Со изградбата на овие три нови кружни текови би се постигнала подобра регулација на сообраќајот во градот, но и значително би се подобрила безбедноста. Во нашата програма имаме предвидено и реконструкција на уште многу улици, како во градот, така и по селата. Само со квалитетна инфраструктура може да имаме квалитетен живот во нашиот град!



Share

Додади коментар