Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на СДСМ и коалицијата, Бетиане Китев денеска на прес конференција најави дека доколку ја добие подршката на кавадарчани и стане градоначалник дека ќе изврши целосна реконструкција на домовите на култура во селата Ваташа, Сопот и Дреново, враќање на сјајот на Тиквешкиот гроздобер и развој на винскиот туризам.
„Кавадарци има огромен туристички потенцијал, и можности за културен развој. Но, изминативе 8 години под локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, културниот живот во Кавадарци, и особено Тиквешкиот Гроздобер, беа целосно запоставени. Тоа мора да се промени. Промените кои ќе му се случат на Кавадарци ќе бидат и во насока на враќање на сјајот на Тиквешкиот Гроздобер, и на културниот живот во нашата општина“ рече Китев.
Вети дека Тиквешкиот Гроздобер ќе станел регионален настан, препознатлив не само во Македонија, туку и низ цел Балкан. Посебен акцент ќе се ставел на Тиквешкиот карневал, а ќе се врателе саемот на земјоделски производи и машини, и ќе се организирал саеми на вино.
„Ќе го развиваме и винскиот туризам во Кавадарци со изградба на вински пат кој ќе го заобиколува градскиот парк и ќе завршува на улица “Дисанска“.Патот ќе располага со атрактивни туристички содржини и мини винарии за дегустација на вината од Тиквешијата. Тиквешкото езеро ќе го вратиме на граѓаните! Имаме прекрасно езеро со огромен неискористен туристички потенцијал. Тиквешкото езеро ќе го промовираме како атрактивна туристичка атракција со можност за воведување на туристички тури со брод по езерото. И селскиот туризам во подкожувските села нема да биде заборавен. Со помош на ЕУ фондови ќе ги доизградиме патиштата до подкожувските села со цел овој дел да стане привлечен и за домашни и за странски туристи“ нагласи кандидатот за градоначалник на СДСМ и додаде дека акцент ќе се ставел и на зацврстување на врските со збратимените градови, а ќе се развивала соработка и со други градови.
„Почитувани сограѓани, овие избори се важни за сите нас. Да гласаме за промени! Да гласаме за враќање на животот во нашата општина! На Кавадарци му треба тим кој од Кавадарци ќе направи модерна европска општина!“ порача Китев.
A.Д
Додади коментар