Младите ќе бидат дел од заложбите на идниот градоначалник на Кавадарци. Со потпишан меморандум ова го гарантираа денеска двајцата кандидати за градоначалници Бетијане Китев од СДСМ и Митко Јанчев од ВМРО ДПМНЕ.
Меморандумот го потпишаа на неформален собир со млади луѓе, организации, неформални групи и клубови, организиран од страна на Националниот младински совет на Македонија, преку проектот младински изборни муабети, избори се, подржан од канцеларијата на националниот демократски институт во Скопје.
Китев и Јанчев имаа можност пред присутната младина во фоајето при домот на културата Иван Мазов Климе накратко да презентираат дали и колку во нивната изборна програма ги има младите и заложбите за нив. Во изјава за медиумите и двајцата потенцираа дека ја подржуваат стратегијата која ја потпишаа и ветуваат подобар живот за младите во Кавадарци. М.М
Додади коментар