ЛИ 2021/ Јанчев најави набавка на училишни автобуси и едносменска настава во средните училишта
28-09-2021 РЕГИОН

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев заедно со носителот на советничката листа, д-р Стојанчо Рамов на денешната прес конференција презентираа нови три проекти.  Најавија изградба на стационар за животни, обнова на возниот парк на ЈП Комуналец,  воведување на едносменска настава во сите средни училишта, како и набавка на училишни автобуси.

 

(интегрален текст) Денес заедно со Советничката група од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, и Носителот на истата Др Стојанчо Рамов, ќе ви испрезентираме уште неколку големи проекти кои се дел од изборната програма, а се клучни за потребите на сите граѓани.

 

Најпрво да ве известам дека Советничката листа е составена од квалитетни, образовни кадри, секој еден од нив е почитуван во доменот во кој работат и функционираат. Советници кои во иднина ќе работат заедно со мене, за младите,за вас, за сите нас, за Кавадарци да го направиме уште помодерно, поевропско место за живеење.

 

Затоа што е наш дом, наше огниште.

 

А сега, би почнал со промоција на неколку  проекти кои се многу важни, и кои граѓаните верувам дека би сакале да ги слишнат.

 

 Проект  Изградба на стационар за животни

 

Со овој проект ќе се постигне намалување на бројот на кучиња бездомници, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста на граѓаните, како и заштита и згрижување на кучињата. Воедно, ќе се подигне и свеста за одговорно сопствеништво, поттикнување на граѓаните да ги регистрираат, вакцинираат и стерилизираат своите миленици. Сити овие активности ќе бидат опфатени преку изградбата на стационар, кој ќе биде целосно опремен вклучувајќи и шинтерска служба која ќе бидел дел од овој стационар.     

 

 

Проект  Обнова на возниот парк на ЈП Комуналец

 

Во насока на зголемувањето на нивото на хигиена во градот, ќе се набави нова цистерна за перење на улици, набавка на два нови камиони за износ на сметсо што ќе се придонесе кон подобрување на хигиената во градот, како и отпочнување со износ на смет и во селскитесредини.

 

 

 

Проект  Воведување на едносменска настава во сите средни училишта и набавка на училишни автобуси

Набавка на 9 училишни автобуси за превозна ученици од основните и средните училишта. Со ова ќе се обезбеди бесплатен превоз на ученици на кои им следува бесплатниот превоз, кои живеат на оддалеченост поголема од 2 км. Автобусите ќе бидат унифицирани и брендирани.

 

Ова се уште 3 од големите проекти, а како што напоменав вчера вкупно ги има 180. Во наредниот период очекувајте презентација и на останатите. Затоа што сите во изборната програма се остварливи, неопходни и граѓаните вистински ги заслужуваат.



Share

Додади коментар