„Наш клучен проект во нарените четири години ќе биде гасификацијата на општина Кавадарци. Со овој проект значително ќе се намалат трошоците на компаниите, семејствата и институциите заради евтиниот енергенс, но и ќе влијае на заштита на животната средина“ рече меѓу другото на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Кавадарци од СДСМ и коалицијата, Горан Тодоров.
(интегрален текст) СДСМ ја има најдобрата кардовска и програмска понуда
Имаме јасна идеја и јасен план за развојот за секој град, за секое село, за целата држава.
Кавадарци како индустриски развиен град насушно му е потребен природниот гас.
Затоа наш клучен проект во нарените четири години ќе биде гасификацијата на општина Кавадарци. Со овој проект значително ќе се намалат трошоците на компаниите, семејствата и институциите заради евтиниот енергенс, но и ќе влијае на заштита на животната средина.
Општина Кавадарци е една од најзагадените општини во Северна Македонија. Ние со проектот “Зелено Кавадарци”, предвидуваме низа мерки кои ќе имаат за цел да го намалат загадувањето во општината. Имено ќе ги зголемиме зелените површини во градот.
Ќе поставиме зелени ѕидови на места кои се блиску до идустрискитата зона и местата кои се значително загадени. Ќе стимулираме користење на алтернативни начини на движење низ град. Значително ќе ја засилиме контролата на компаниите кои загадуваат, како и ќе направиме регистар на загадувачи.
Кавадарци исто така е еден од општините каде не се врши третман на отпадни води.
Tретманот на отпадните води од Кавадарци ќе биде трајно решен со изградба на пречистителна станица, со што ќе се намали загадувањето на реката Луда Мара и ќе се подигнат стандардите за заштита на животната средина.
Кавадарци исто така е земјоделски крај, во кој клучната земјоделска гранка е лозарството, со која се занимаваат голем број на граѓани од нашата општина.
Нашата цел е да им помогнеме на земјоделците во Кавадарци, да го подигнеме нивниот стандард. За таа цел предвидуваме изградба на регионален откупен центар, на кој ќе доаѓаат купувачи од земјава и регионот, со цел решавање на проблемот со окупот, со вишокот количини на грозје и со цената на грозјето.
Младите се моторот за развој на едно општество.
Нашата цел е младите луѓе да ги задржиме овде. Да живеат, работат и творат во општина Кавадарци, и да бидат клучните двигатели на тој развој. За таа цел ќе отвориме бизнис центар, со кој ќе ги поттикнеме младите да бидат креативни и да отворат сопствени бизниси. Во овој центар младите претприемачи ќе добијат и бесплатни правни и сметководителски услуги, во почетните фази на развојот на овие компании. Ова помош, експертиза која ќе ја добиваат во овој старт ап центар, ќе биде од исклучително значење за раст и развој на бизнисот во почетните фази.
Ве повикуваме да направите споредба и разлика.
Изберете ја најдобрата понуда за вас, за вашето семејство, за вашето место.
Гласајте за најдоброто за Кавадарци.

Додади коментар