Летем режим на сообраќај за тешките товарни возила во Македонија

Од денес па сé до крајот на август на државните патишта низ Македонија ќе се применува времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешките товарни возила чија вкупна маса надминува 15 тони за време на викендите, и тоа во петок од 17 до 22 часот, сабота од 9 до 18 и недела од 9 до 22 часот. Оваа забрана се однесува за период од 1 јули до 31 август секоја година, а во деновите со екстремно високи температури определени од министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11 до 17 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури, лесно расиплива стока, нафта и нафтени деривати, како и за возилата за превоз на опасни материјали и возилата на компаниите кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со јавното претпријатие за државни патишта.

 

Истовремено, заради зголемениот туристички сообраќај на делницата А2 од Скопје до Охрид се забранува движење на товарните возила со маса над 7,5 тони во петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и недела од 7 до 22 часот. Во однос на минатите години товарните возила сега имаат малку поширока временска рамка за движење на оваа делница, со што ќе се придонесе за намалување на ноќната оптовареност на сообраќајните текови на овој важен меѓународен правец.



Share

Додади коментар