Температурите неделава ќе растат со секој изминат ден, а метеоролозите предупредуваат дека четврток ќе биде најжешкиот ден годинава, со температури и до 40 степени.Лекарите предупредуваат да се излегува само доколку е неопходно.За оние кои секојдневно се на работа, неколку совети за полесно справување со градските жештини и гужви кои следат периодов. Избегнувајте изложување на сонце од 10-17 часот и поминувајте го денот во климатизирани простории. Доколку немате клима, во овој период спуштете ги ролетните или поставете темни платна на прозорците, со цел да ги одбивате сончевите зраци и дополнително да го затоплувате домот или канцеларијата. Ставете влажна крпа во замрзнувач и оставете целосно да се излади. Земете ја со вас кога излегувате, посебно добро ќе ви дојде да го изладите вратот во пеколите жештини на автобусот.
Додека чекате на автобуска постојка, не стојте во едно место, туку движете се под сенките. На работа правете помали, но почести паузи во кои ќе каснете некое парче овошје и постојано пијте ладна вода или чај.. Шише вода и ладало нека ви се најважното оружје во битката со пеколните температури.Ако сепак имате обврски надвор не заборавајте на лесната облека во светли бои, капата и очилата за сонце предупредуваат уште еднаш лекарите. Во Кавадарци од пред едена недела започнаа и летните бесплатни превентивни прегледи од центарот на градот.По препорака на министерството за здравство ги спроведува јавната здравствена установа здравствен дом, во деновите кои ги препорачува министерството, а во кои случајните минувачи добиваат бесплатни лекарски совети, мерење на телесната тежина и крвниот притисок.
М.Младенова

Додади коментар