Годинава речиси во сите краеви во Македонија има наезда на глодари, а тие почнаа да стануваат и сериозна опасност од ширење на зараза. Веќе на инфективната клиника во Скопје се згрижени две пациентки кај кои е проширена зараза од глувци. Ова веќе го вклучи алармот дека после поплавите и честите поројни дождови глодарите стануваат сериозна опасност.
Според информациите што ги добивме од службата за односи со јавноста при локалната самоуправа во Кавадарци минатата година била извршена дезинсекција и дератизација на водотеци и канализациони системи и останати јавни површини согласно програмата усвоена од советот.
Тендерот за спроведување на програмата за дезинсекција и дератизација за оваа година е распишан и се прибираат понуди, а отворањето на понудите е за 9 февруари. Општина Кавадарци за заштита од глодари и инсекти во буџетот има планирано 300.000 денари.
А.Д
Додади коментар