Лани во Велес се родиле 47 вонбрачни деца
25-07-2015 РЕГИОН

Помалку вонбрачни деца се родиле минатата година во Велес. Ова го покажуваат податоците на државниот завод за статистика. Така лани во градот се регистрирани 47 новороденчиња кои на свет ги донеле жени што не се во брак.. Оваа бројка е за 20 помала во споредба со претходната година.. Во 2013-та, статистичарите регистрирале 68 новороденчиња во Велес од вонбрачна заедница.

 

Инаку и во соседните општини се регистрирани вонбрачни деца кои се родиле минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, лани во општина Чашка имало 11 новороденчиња од вонбрачна заедница додека во Градско се родиле седум. Во општина Лозово пак статистика не регистрирала деца кои дошле на свет од нерегистриран брак.

Според податоците на дражвниот завод за статистика, лани во велес имало 560 новороденчиња.

Зоран Јаневски 



Share

Додади коментар