Проблеми со откупот на грозјето има секоја година. Не станува збор за ништо ново, според мене потребна е нова силна стратегија во која ќе бидат опфатени и мерките за винариите, смета градоначалникот на општина Росоман Стојанче Лазов, гласно говорејќи за актуелната тема во лозарството.
Лазов смета дека годинава и не е се така црно, бидејќи овозможен е и извоз за Бугарија.Оценува дека и временските услови си го направиле своето околу квалитетот на родот, но потенцира во Росоман има пунктови кој откупуваат грозје и ситуацијата не е алармантна.
На оваа тема во Росоман се дискутираше и на редовната седница на советот. Во жестока дискусија изнесени беа поделени мислења кај советниците.Додека едните тврдеа дека ситуацијата е алармантна, а владата виновна, другите вина најдоа и во земјоделците и начинот на кој со години тие работат и бараат пласман за родот.
Милица Младенова

Додади коментар