Обилните дождови деновиве ги зголемија водостоите, а надлежните алармираа до општините да се води грижа околу водотеците и речните корита. Општина Росоман не памети поплава, ниту пак излевање на Црна Река од 85-86 година, но секогаш се води сметка и се реагира навреме, информира градоначалникот Стојанче Лазов.
„ Не сме во оние загрозени подрачја бидејќи во Росоман не постои опасност од излевање на Церна Река. Онаму каде во минатото се случуваше излевање беше интервенирано и тој проблем е надминат“- вели Лазов.
Првиот човек на општината додава дека доволно грижа Локалната самоуправа води и за каналите. Се чистат на време и се санираат, а во моментот се работи и на атмосферската канализација што значи Росоман е надвор од опасност.
„Преку текот на цела година се санираат и чистат и каналите.Не дозволуваме врнежите да не изненадат.Сега се работи интензивно и на атмосферската канализација што значи Росоман не спаѓа во подрачја изложени на поплава“ додава Лазов и нагласува дека е задоволен и од интервенциите на Водостопанство Тиквеш. Потенцира дека годинава со помош на неколку проекти за регулирање на водата во Црна Водостопанство ги има решено и проблемите со кој најчесто се соочуваа жителите на село Манастирец.
Милица Младенова

Додади коментар