Кучињата скитници главна тема на социјалните мрежи
12-12-2017 РЕГИОН

 

Случајот со ротвајлерот е крајно непријатен, но е директна последица на неодговорно сопствеништво, дециден е претседателот на Ветеринарната комора на Македонија, Томислав Николовски. Тој решението го гледа во масовна идентификација и регистрација на милениците за што, потенцира, државата не смее да штеди пари.

 

Го разбираме бесот на луѓето по масакрот што се случи.Но, агресивното однесување на животното е последица на несоодветниот третман од страна на сопственикот. Не се виновни животните. Добро одгледувано животно, никогаш не пројавува асоцијално, агресивно однесување.Секако има исклучоци, но тие се многу, исклучително ретки, вели Николовски.

 

Овој проблем, додава е индикатор на нашето цивилизациско ниво, покажува колку сме зрели. Удираме по самарот, неможејќи да удриме по магарето.Според него, системот мора да функционира по принципот ,,морков и стап,,.

 

 

 

Државата ќе обезбеди бесплатно чипирње, но високи ќе бидат казните доколку сопствениците тоа не го направат.Негова оценка е дека ротвајлер, германски и белгиски овчар, пит бул и стафор териер се некои од расите кои може да бидат потенцијално опасни или расно инклинираат кон зголемена агресивност. Но, повторно клучен е третманот на кучето од страна на сопственикот.Во однос пак на регистрацијата и идентификацијата, Николовски нагласува дека треба само да се пресликаат одредени модели што веќе се применуваат во Србија, Словенија.

 

Чипирањето чини околу 800 денари, а се прави кога кучето е мало, од три до шест месеци. Чипот се аплицира подкожно и останува во животното до крајот на животот.Дали некое куче, миленик има чип, контролираат ветеринарните инспектори, но во иднина таа надлежност може да се делегира и кај комуналните инспектори, полицијата...Јавноста е поделена околу тоа кој е поважен, човекот или животното. Кој е жртвата, а кој напаѓачот, на кого треба да се удри, каде е вината, кој е одговорен.По социјалните медиуми се шират апели за масовно труење на животните, што предизвикува дополнителна вознемиреност и долева масло на и онака веќе разгорениот оган.

Од ,,Анима Мунди,, велат дека со ваквите постапки граѓаните и животните се изложуваат на многу поголема опасност.Поставувањето отров е кривично дело и за тоа се одговара.Засега не се знае ниту колку имаме кучиња миленици зато што тоа е неопходен широк опфат на идентификација, а едвај 20 отсто од кучињата-миленици се вакцинирани против беснило што, според претседателот на Ветеринарната комора е недозволиво за земја која географски се наоѓа во Европа. АХВ кон крајот на ноември 2017 достави барање до Владата за набавка на 100.000 микрочипови за сомашни миленици.

 

Од идната година, бесплатно, преку ветеринарните друштва, овие микрочипови ќе бидат аплицирани на домашните миленици. Кавадарци веќе доби програма за решавање на проблемот со кучињата скитници. Со помош на истата ќе се заловуваат и ќе се третираат бездобните кучиња со кастрација, социјализација и обележување со микрочип. Најголем дел од мерките содржани во програмата ќе ги реализира ЈП Комуналец во соработка со регистрирани прифатилишта. Во програмата се предвидува хумана еутаназија на бездомните кучиња во случај на појава на заразна болест. За да се реализираат предвидените активности во програмата општината од буџетот ќе издвои 300.000 денари.

 

 

 



Share

Додади коментар