КУД Росоман забележа успешен настап во рамки на општинската слава во Пламдиште
30-08-2013 КУЛТУРА

 

Успешна турнеја бележи КУД Росоман од Росоман низ Србија и Хрватска. Својот престој и официјално членовите на фолклорниот состав го започнаа во вторникот со настап кој се одржуваше во домот на културата Вук Караџиќ во Пламдиште.

Настанот беше организирам во рамки на прославата по повод општинскиот празник, а учество на истиот имаа и фолклорната група од Панчево, пеачката група од Качарево која мора да потенцираме пред публиката се претстави со сплет од македонски песни, а публиката во Панчево имаше можност да го проследи и настапот на домашниот состав.

Фолклорниот состав на КУД Росоман на присутните им понуди речиси шеесет минутно уживање со сплет ора од повардарието, егејското и малешевското. Салата во домот на културата Вук Караџиќ Панчево беше преполна, меѓу присутните беа и градоначалниците на двете општини, а аплаузот воопшто не се штедеше.

Инаку вчера по пристигнувањето во Хрватска каде продолжува турнејата на фолклористите од Росоман беше организирана свечена вечера на која истите се дружеа со организаторот на Пиво фестот. Тој изрази голема благодарност што тие ја прифатија неговата покана и што во име на вредни соработници партнери на фестивалот  и цпецијални госи од Макеоднија ќе настапуваат три дена со целовечерни концерти во рамки на Карловачки пиво фест.

Mилица Младенова



Share

Додади коментар