Со 7,8% гледаност регионалната телевизија КТВ од Кавадарци е со највисок рејтинг меѓу тв каналите во повардарскиот регион. Останатите тв канали во регионот кои се со некаков процент на гледаност се Тиквешија која има рејтинг од 4,7% и Здравкин од Велес со рејтинг 1%. Ова се резултатите содржани во извештајот од направената анкета за мислењето на публиката за различните програми на домашните радио и тв канали спроведена во април годинава на репрезентативен примерок од 1070 испитаници со интервјуирање на случајно избрани граѓани и домаќинства и впишување на искажаните податоци во анкетни листови од обучен анкетар. Анализата е објавена од Советот за радиодифузија, а изработена од Market Vision во период пред почетокот на процесот на дигитализација и регионализација.
Најголем дел или 34% од испитаниците гледаат телевизија во текот на денот повеќе од 4 часа. Помеѓу 2 и 4 часа дневно телевизија гледаат 32,5 %, 4,6% гледаат помалку од половина час, а 0,9% воопшто не гледале телевизија.
Македонските граѓани најмногу сакаат да гледаат вести и информативни програми. Вака одговориле дури 84,3% од анкетираните. Серии гледааат 62,8%, филм 62,1% и спорт 43,4%.
Во домаќинствата низ Македонија најмногу телевизија се гледа преку кабелска телевизија, дури 58,3 отсто од испитаниците. Преку Макс тв терлевизија гледаат 17,7%, преку БООМ 11,5, со класична антена 7,4%, индивидуален сателитски приклучок 2,6%.
Aнгел Данов
Додади коментар