КТВ и понатаму со најголема гледаност во Вардарски регион Д1
18-01-2017 РЕГИОН

И во четвртиот квартал од 2016 година регионалната телевизија КТВ е со најголема гледаност во Вардарскиот регион покажуваат податоците што ги објави Агенцијата за медиуми.

 

Помеѓу регионалните ТВ канали, најголем неделен досег во својот радиодифузен регион во четвртиот квартал од 2016 година остварува КТВ (17,6% од популацијата во регионот Д1 Велес.

 

Најгледани содржини на регионалните и локални телевизии се вестите и забавната и/или музичка програма.

 

Најголем дел од населението- 48,1%, телевизискиот сигнал го добива преку кабелски оператор, потоа следува IPTV со 28,6%, Boom TV со 9,6%, обична антена без месечна претплата 6,7% и сателитски приклучок – 4,7% од населението.

 

Анкетирањето беше извршено со употреба на CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер

• Беше користен полу - структурирани прашалник

• Податоците се обработени групно и анонимно

• Период на анкетирање: од 10:00ч до 20:00ч

• Вкупниот примерок го сочинуваат 9.600 испитаници и е репрезентативен на ниво на Република Македонија според регион, пол, возраст и националност, врз база на податоците од Државен  завод за статистика - „Попис на населението, домаќинствата и становите 2002“

 

КТВ им благодари на своите гледачи за довербата која во континуитет ја има. 

A.Д



Share

Додади коментар