КТВ и понатаму со највисок рејтинг во Вардарскиот регион
22-07-2016 РЕГИОН

Регионалната КТВ телевизија има најголем рејтинг кај гледачите од Вардарскиот регион покажуваат и најновите податоци  за уделот на  тв станиците  во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално ниво, за вториот квартал од 2016.

Податоците ги објави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на Република Македонија.

 

Континуирано нашата тв куќа ја ужива најголемата подршка од гледачите во регионот. Според податоците од последниот извештај, сите регионални и локални ТВ канали заедно остваруваат вкупен дневен досег од 15,3% од вкупната популација.  Помеѓу регионалните ТВ канали, најголем неделен досег во својот радиодифузен регион во првиот квартал од 2016 година остварува КТВ (15,0% од популацијата во регионот Д1 Велес)

 

Анкетирањето било направено  со употреба на CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер.  Податоците се обработени групно и анонимно, а периодот на анкетирање е од 10 до 20 часот. СО анкетата биле опфатени 2400 испитаници и  е репрезентативен примерок на ниво на Република Македонија, според регионот, пол, возраст и националност, врз база на податоците од Државен завод за статистика.

 

 Речиси половина од населението или 48,2% телевизискиот сигнал го добива преку кабелски оператор, потоа следува IPTV со 27,3%, Boom TV со 9,0%, обична антена без месечна претплата 5,8% и сателитски приклучок – 5,3% од населението.

А.Д



Share

Додади коментар