КТВ и во третиот квартал со највисок рејтинг во Вардарски регион
21-10-2016 РЕГИОН

КТВ телевизија и во третиот квартал од 2016 година е најгледана во регионот кој го покрива, Д1 Велес. Ова го покажуваат податоците од истражувањето што ги објави Агенцијата за медиуми .

 

Најголем неделен досег во својот радиодифузен регион во третиот  квартал од 2016 година остварува  КТВ,  или неделно 17,6% од популацијата во нашиот регион ја следат нашата програма.

 

КТВ е убедливо најгледана телевизија во Вардарскиот период континуирано покажуваат податоците кои ги објавува Агенцијата за медиуми. Споредено со вториот квартал од оваа година КТВ бележи дополнително зголемување од вкупната неделна гледаност од 2,6%, (во јули 15%, а сега во октомври 17,6%)

 

 Најгледани содржини на регионалните и локални телевизии се вестите и забавната и/или музичка програма.

 

 Најголем дел од населението- 48,1%, телевизискиот сигнал го добива преку кабелски оператор, потоа следува IPTV со 28,6%, Boom TV со 9,6%, обична антена без месечна претплата 6,7% и сателитски приклучок – 4,7% од населението

 

А.Д



Share

Додади коментар