Кривична пријава за поранешниот директор на Комуналец и раководител на оддел
06-02-2018 РЕГИОН
Кавадарци, четериесет и пет годишниот И.А и поранешен раководител во приетпријатието, М.П. поради злоупотреба на службената положба, информираат од МВР.
„Во временскиот период од 2015 до 2017 година, првопријавениот, како директор на Јавното претпријатие „Комуналец“–Кавадарци, и второпријавениот, како раководител на „Водовод и канализација“ при Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци, им наредиле на дел од вработените во текот на работното време да извршуваат градежни работи на нивните приватни викендички. На овој начин, по основ на исплатени бруто плати за ангажираните работници, го оштетиле Јавното претпријатие „Комуналец“- Кавадарци за 234.281 денари“, велат од Министерството за внатрешни работи.
Додади коментар