Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Демир Капија поради злоупотреба на службената положба
23-04-2018 РЕГИОН

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против Трајче Димитриев (60) од Демир Капија за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“.

 

 

На 29.09.2017 година пријавениот, како градоначалник на Демир Капија, за време на предизборна кампања за Локални избори 2017 година, спротивно на одредбите од Изборен законик, донел решение во кое ја одобрил нелегалната одлука на советот на Општина Демир Капија, за одобрување на финансиски средства за покривање на трошоци за добивање на дозволи за сеча на огревно дрво на 20 социјално најзагрозени семејства од село Дрен.

 

Потоа на 10.10.2017 и 13.10.2017 година, пријавениот, на сметката на ЈП „Македонски шуми“ префрлил вкупно 110.000 денари за добивање дозволи за сеча на огревно дрво, а по преземени мерки, од страна на полициски службеници било утврдено и дека лицата за кои биле наменети паричните средства не се лица во социјален ризик. Со ова пријавениот го оштетил Буџетот на Општина Демир Капија за 110.000 денари, соопштуваат од МВР.



Share

Додади коментар