Кривична пријава за кавадарчанка - одзела кредитна картичка
24-08-2023 РЕГИОН
ОВР Кавадрци поднесе кривична пријава против А.Б.(25) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Пријавената, на 23.07.2023 од дворот на оштетениот во село Дреново одзела кредитна картичка која била падната на земја и истиот ден во неколку наврати ја искористила и се стекнала со противправна имотна корист - информираат од СВР Велес.

Додади коментар