Во соработка со Општинската Организација на Црвен Крст денеска доброволна крводарителска акција организираше УЖ на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци.Акцијата се одржуваше во домот на културата „Иван Мазов Климе„ а ја спроведуваше екипа на Институтот за трансфузиона медицина Скопје.Крв освен жените од унијата слободна даруваа и останатите граѓани и симпатизери на партијата. Претседателот на унијата Анита Гинова Каракутова не се сомнева дека успех ќе имаат и од денешната крводарителска акција.
Задоволни од текот на акцијата беа и претставниците на Институтот за трансфузиона медиција и кавадаречкиот црвен крст. Од таму најавуваат дека после денешната последна за овој месец е акцијата закажана за на 27 ми во општина Росоман.
М.Младенова

Додади коментар