Крводарителска акција денеска се реализираше во Кавадарци
31-03-2020 РЕГИОН

Согласно годишниот интегрален план за крводарителство, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Кавадарци, Екипа од Институтот за трансфузиона медицина Скопје ја спроведе доброволната крводарителска акција во просториите на Општина Кавадарци .

 

Во време на вонредни услови, во врска со моменталната состојба со Ковид 19, со голема подршка на Градоначалникот, Советот на Општината и вработените и посебно признание и чест на крводарителите, најхуманите од хуманите се реализира уште една успешна крводарителска акција во Кавадарци, исто како и во изминатите години во нормални услови, а може безрезервно да се каже и многу подобро.

 

ДАРУВАА 46 крводарители, хумани и секогаш солидарни луѓе.

 

Посебно важно што треба да се истакне во организирањето и спроведувањето на оваа акција е сериозниот пристап на сите чинители за да оваа акција биде повеќе од успешна. Се надеваме дека барем малку ќе придонесеме во стабилизирање на потребите за крв и крвни продукти на територија на нашата земја, а со тоа и потребите на оваа драгоцена течност ќе бидат задоволени.

 

Голема благодарност до сите учесници во акцијата, а посебно до крводарителите.

 



Share

Додади коментар