Крводарителска акција во чест на загинатиот полицаец Коста Волкановски
23-06-2014 РЕГИОН

 Во организација на полицискиот синдикат при Полициска станица-Неготино заедно во соработка со Црвениот Крст  во општинската сала во Неготино, се спроведе четвртата по ред крводарителска акција во чест на Косте Волкановски кој животот го загуби во воените дејства во 2001 година.

Голем број на негови колеги како и други заинтересирани граѓани како од општина Неготино така и од други градови, денеска масовно се одзваа на повикот да даруваат крв и со својот гест да придонесат за спасување на човечки живот. Од денешната крводарителска акција, организаторот очекува да бидат реализирани околу педесетина крводарувања, што е релативно висок број за овој период.

Во рамки на одбележувањето на 13 годишнината од загинувањето на Волкановски покрај традиционалната крводарителска акција, во среда на спомен бистата пред полициската станица во Неготино во чест на Волкановски ќе се положи свежо цвеќе а подоцна  ќе се одржи и осмиот по ред меморијален турнир во мал фудбал „ Косте Волкановски“ на кој ќе учествуваат осум екипи и тоа: екипи на Полициска станица Неготино, Полициска станица Велес, АРМ, Полициска станица Кавадарци, Регионален граничен центар Југ- Кавадрци, екипа на општина Неготино, Резервен состав на полициска станица Неготино како и екипа на град Неготино .

Маја Алексовска



Share

Додади коментар