Крводарителска акција во Неготино
17-03-2016 РЕГИОН

Општинската организација на Црвен Крст Неготино денеска во големата сала на општина Неготино ја организираа првата во оваа година доброволна крводарителска акција на која крв даруваа граѓаните од општина Неготино.

 

Оваа акција ја организираше ОО Црвен Крст Неготино под покровителство на Ротари клубот од Неготино на кого им е трета крводарителска акција и Здружението на слепи лица Неготино.

 

И на денешната крводарителска акција за проверката на здравствената состојба на крводарителите кои беа во голем број се грижеше екипа од Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

 

Инаку, 17 март е денот на крводарителството и е значаен ден за Црвениот крст на РМ, датум кој го одбележува постоењето, дејствувањето, а воедно и успехот на сите волонтери кои овозможија оваа организација да опстојува толку време низ годините.

 

Maja Aлексовска



Share

Додади коментар