Денеска во просториите на Црвениот крст во Кавадарци се одржа Втората доброволна крводарителска акција во Црвениот крст, а 12 во општина Кавадарци од почетокот на годината. Акцијата започна во 9 часот и траеше до 14 часот , а за само 2 часа беа собрани 10 единици крв.
И оваа крводарителска акција ја организираше Црвениот крст од Кавадарци, а ја спроведуваше стручна медицинска екипа на Институтот за трансфузиона медицина Скопје која и денеска беше задолжена за проверката на здравствената состојба на дарителите. Акцијата беше отворена за сите граѓани од општината, а до крајот на истата беа собрани околу 20 единици крв.
Од кавадаречкиот црвен крст велат дека летото високите температури и последиците од истите ја зголемуваат потребата од резервни единици крв па токму затоа и годинава се реагира навреме за потребите да бидат целосно задоволени. Лекарите кои денеска беа задолжени за проверка на здравјето кај дарителите исто како и останатите нивни колеги апелираат да се внимава во лето. Да се пијат течности, да се конзумира свежа и здрава храна, повеќе овошје и да не се излегува кога сончевите зраци се најопасни. До крајот на летото ќе следуваат уште неколку летни акции најавува црвениот крст.
Maja Алексовска
Додади коментар