Крводарителска акција во кавадаречката полиција
18-07-2013 РЕГИОН
Денеска во просториите на ПС од ОН Кавадарци беше реализирана втората доброволна крводарителска акција за 2013 година што црвениот крст на Кавадарци ја организира во соработка со МВР.Првата беше во месец март, а очекувањата и денеска беа исти, околу дваесетина дарувани единици крв
Во денешната крводарителска акција се собрани 20 крвни единици.
Голем дел од вработените во моментот се и на годишен одмор, но вработените во ПС од ОН Кавадарци се хумани и најчесто наши редовни крводарители велат од кавадаречкиот црвен крст. Акцијата ја оценуваат за успешна, а следната која ќе биде реализирана во просториите на општинската организација ја најавуваат за 25-ти следниот четврток од 8 и 30 до 15 часот.
М.М

Додади коментар