Крводарителска акција во кавадаречката гимназија
29-09-2021 РЕГИОН
Денеска во организација на Црвен крст Кавадарци и Институтот за трансфузиона медицина Скопје во просториите на гимназија ,,Добри Даскалов`` се спроведе доброволна крводарителска акција.
На оваа акција доброволно даруваа 28 крводарители, односно собрани се 28 единици крв, а со тоа уште еднаш е докажана хуманоста на учениците и вработените од училиштето, бидејќи низ годините наназад во гимназијата се спроведуваат успешни крводарителски акции.
Од општинската организација на Црвен Крст Кавадарцу упатуваат голема благодарност до учениците и нивните професори, кои несебично ја прифатија оваа акција.
Додади коментар