По средните училишта во Кавадарци кој успешно минаа низ есенската доброволна крводарителска акција, на ред се, велат од општинскиот црвен крст, работините организации кои се поборници за хуманизмот.Ги има неколку, а бидејќи се секогаш дел од хуманитарните акции веќе со години се дел и од планот за работа на нашата организација вели Розе Илова секретар на кавадаречкиот Црвен Крст.
Таков е случајот со компанијата за откуп и преработка на тутун Алијанса Уан која и годинава прва се вклучува во доброволното крводарување додава Илова. Од неа дознаваме дека оваа копманија успешно ја шири, промовира, потикнува и мотивира хуманоста и крводарувањето кај своите вработени. Алијанса уан веќе има редовни дарители и луѓе кои несебично ја даруваат својата скапоцена течност на вака организирани акции. Истата ќе го заврши октовмри во својот план со доброволната акција веќе закажана со црвениот крст за на 31 овој месец во своите простории и за сите вработени во периодот од 9 до 14 часот.
Од оваа работна организација и годинава очекуваме од 30 до 40 доброволно дарувани крвни единици потенцира секретарот на црвениот крст. Тоа е бројка која не опаѓа туку од година во година расте што значи компанијата успешно работи и на полето на хуманоста.Алијанса црвениот крст ја вбројува меѓу работните организации со најдобра организација и услови за беспрекорна реализација на акцијата. Успех црвен крст очекува и од акцијата закажана за на 31 ви нагласувајќи дека оваа работна организација цврсто се држи и до правилникот за крводарување што значи без никаков проблем ги почитува двата слободни дена кој им следуваат на вработените кој даруваат крв на акцијата. Инаку заедно со Алијанска уан во работните организации кој секогаш се расположени за организирање крводарителски акции се и Фени индустри и Винарската визба Тиквеш.
Милица Младенова
Додади коментар