Крв даруваа вработените во в.в „Тиквеш“
17-02-2017 РЕГИОН

Доброволно крв денеска се даруваше во ВВ „Тиквеш“ Кавадарци. Станува збор за традиционална акција во организација на кавадаречкиот црвен крст, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Скопје.

 

„Низ работните организации во Македонија се наоѓа речиси половина од процентот на дарители. Сите се свесни кои се придобивките по здравјето на луѓето.  Граѓаните генерално се запознати со принципите и условите на дарување, но добро е кога од еден дарител, произлегуваат и неколку нови по своја иницијатива“,  велат од Институтот за трасфузиона медицина.

М.М

 



Share

Додади коментар