Стручно образованите и професионални кошаркари ќе ги има Кавадарци ама не од оваа година. Надлежните ја донесоа конечната одлука, Кавадарци ќе има кошаркарска паралелка во рамки на Националната спортска академија, ама не од оваа туку од следната година. Причина за да се донесе вакво решение бил малиот одзив на ученици во двата селективни тренинзи кои неделава беа организирани во СС Јасмин под раководство на стручни лица од кошаркарската федерација на Македонија, објаснува градоначалникот Александар Панов.
После двата селективни тренинзи петнаесетината младинци од кои две беа девојки рекоа дека ги очекуваат резултатите, а по нив од септември и професионална кошаркарска обука.Рекоа дека спортот односно кошарката е нивниот сон кој засега го остваруваат тренирајќи кошарка во училишните спортски екипи или приватните кошаркарските школи, но што по ваквата одлука.
За неоставрувањето на нивниот сон жали и директорот на СОЗШУ Ѓорче Петров во чии рамки ќе беше оваа кошаркараска паралелка.Благој Димитров сепак остава надеж за следната година и за многу повеќе млади и талентирани љуботели на кошарката.Учениците со доставени документи за овој упис ќе треба да го фатат последниот воз и да се снајдат во текот на денешниот ден. Имаат последна можност да ги вратат назад своите документи и да изберат и направат ургиран упис за да знаат каде во понеделник ќе продолжат средно образование.Инаку и граѓаните на Кавадарци првично ја поздравија ваквата одлука за кошаркарска паралека договорена помеѓу ЛС , МОН и Агенцијата за спорт.Но коментарите меѓу нив денеска беа дека задоцнетата одлука и информираност е единствената причина за малиот број пријавени.
Милица Младенова

Додади коментар