Кошаркарите од гимназијата во Кавадарци државни прваци
02-04-2015 РЕГИОН

По цели 19 години, трофејот за најдобриот средношколски кошаркарски тим во Македонија се врати во витрините на гимназијата „Добри Даскалов“. Со максимални четири и тоа повеќе од убедливи победи, кавадаречките гимназијалци во голем стил ги запишаа своите имиња до славната генерација предводена од Тодор Гечевски. Тие триумфираа на државното првенство во кошарка.

Кошаркарите заедно сосвојот тренер и претседателот на Сојузот на училишни  денеска за ова високо достигнување беа примени од градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов . Тој  им честита на успехот, да бидат први меѓу стотина екипи од средните  училишта во државата. Панов на средбата беше информиран за идеите на тимот за натамоно дејствување, а им вети дека е  на располагање да им помогне секогаш кога ќе им биде потребна помош од локалната самоуправа.

„Секогаш кога имаме високи достигнувања на било кој тим, редот е да направиме еден прием за  дополнително да ги окуражам за нивите натамошни настапи. Не  е мало достигнувањето да бидете први во Македонија. Сите овие достигнувања се прават со однапред подржана активност на Сојузот на училишни споротиви и преку нивниот тренер и неодминливиот талент да се биде првак на Македонија не е мала работа. Од мене беше дадена целосна подршка. Си земав за обврска да контактирам со КК “Фени индустри“ да се направат одредени корекции во политката за да бидат повеќе застапени овие деца и да во иднина секогаш имаме некој репрезент во клубот Фени, бидејќи клубот кој доаѓа од еден талентиран град да остане само со играчи надвор од Кавадарци“ рече Панов.

Капитенот на кошаркарскиот тим од гимназијата „Добри Даскалов“Милков Милан го искажа задоволството да се преводи тим кој постигна одлични резултати на државното  првенство во кошарка.

„Не беше многу лесно. Во секоја утакмица влеговме маклсимално сконцентрирани. Иако некои екипи важеа за псолаби со максимално залагање успеавме да ги победиме сите екипи“ рече Милков.

АНГЕЛ ДАНОВ



Share

Додади коментар